Две сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа на територијата на Општина Куманово, а во двете има две лица со полесни телесни повреди.
Во првата возач од кумановската населба Железничка станица се здобил со полесни телесни повреди откако вчера излетал од патот во населеното место во кое што живеел. Управувајќи го своето помошно моторно возило марка „Шкода“ со кумановски регистарски ознаки скршнал од патот и влетал во мала провалија, но за среќа не се здобил со сериозни повреди.
Во втората сообраќајна незгода, која се случила пред самиот влез на Општа Болница Куманово, полесно е повреден велосипедист, откако во него удрил автомобил. Истиот завршил на преглед во Хирушкото одделение на болницата.
Полицијата извршила увид, а повеќе детали во текот на денот.
Фото: 21ТВ