Две престижни награди за Музеј Куманово на фестивалот „Камера 300“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две престижни награди доби Музеј Куманово на 33. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Камера 300“ во Битола.

Директорката на Музеј Куманово, Марија Живачки, изјави дека „на 33. издание на Меѓународниот филмски фестивал ‘Камера 300’ во Битола, Музеј Куманово се здоби со две престижни награди.

Филмот „Макраме “, во сценарио и режија на кустосот Надица Петковиќ се здоби со награда „УНИКА“, меѓународно признание под покровителство на УНЕСКО.

Награда доби и филмот „Три манастирски црвки во кумановско“ по сценарио и режија на кустосот и историчар на уметност Валентина Андреиќ ја доби наградата „Камера 300“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ги нападнал поранешната партнерка и нејзината мајка

– Тематиката која ја обработува филмот „Макраме“ е културолошка, тоа е плетење на конец, ја претставува традицијата на нашиот крај, а филмот „Три манастирски црвки“ е за манастирите и духовно-културно наследство на кумановскиот крај,“ изјави директорката.

 

 

Како што вели, Музеј Куманово постојано работи на афирмација на културното богатство на кумановскиот крај.

Во тек се планови филмовите да бидат претставени и на меѓународни фестивали надвор од земјата, во Бугарија и Швајцарија.

Никола Ивановски