Вкупно 69 казни вчера напишала полиција во Куманово по основ на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, додека две лица се казнети за прекршување на полицискиот час.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (17.03/18.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 102 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 69, во Крива Паланка 14 и во Кратово 19.
За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
За истиот период 3 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои 2 во Куманово и 1 во Крива Паланка.
Никола Ивановски