Две млади лица удрени со тврд предмет во дискотека во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две млади лица од Куманово ноќва биле повредени откако добиле удар со тврд предмет во дискотека.

Loading...

– На 25.12.2021 во 04,50 часот во СВР Куманово Ј.С.(18) од Куманово пријавила дека околу 02,15 часот во дискотека во Куманово таа и К.Н. биле удрени со тврд предмет од едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски