Две лица загинаа, 18 се повредени во пад на авион во Калифорнија

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а 18 се повредени кога мал авион удрил во покривот на фабрика за мебел во Јужна Калифорнија каде што работеле најмалку 200 луѓе, соопшти денеска полицијата.

Loading...

– Идентитетот на починатиот се уште е непознат – изјави портпаролката на полицијата во Фулертон, Кристи Велс, пренесе АП.

Малиот авион со четири седишта се урна речиси две минути по полетувањето од аеродромот Фулертон во округот Оринџ, кој е на околу 10 милји од Дизниленд, според веб-страницата за следење летови FlightAware.

По полетувањето, пилотот ја известил контролата на летање дека ќе се сврти и ќе се обиде да слета, но причината за несреќата е непозната.

Десет повредени се пренесени во болница, а на осум лица им била укажана помош, соопшти полицијата.