Со меѓусебна физичка пресметка, вчера околу полноќ, две лица во населбата Ајдучка Чешма го нарушиле јавниот ред и мир.
Loading...
– На 05.08.2025 во 00:21 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населба „Ајдучка чешма“ во Куманово, А.Ј.(36) и Б.А.(48) го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Никола Ивановски