Две лица тешко повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 16.30 часот во Куманово, на крстосницата од ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Сава Ковачевиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С. И. (28) од селото Матејче, кумановско, и Мопед „Јамаха Џок“ без регистарски ознаки, управувано од седумнаесетгодишник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и седумнаесетгодишен сопатник на мопедот. На истите им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, но поради сериозноста на повредите истите биле пренесени во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

фото: архива