Две лица се тепале во центарот на Куманово, го нарушиле јавниот ред и мир

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово ноќва околу полноќ биле затекнати од полицијата како физички се пресметуваат во центарот на градот.

– На 05.09.2025 во 00:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово забележале дека на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, А.Т. (53) и Б.Б.(24) го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем интерес за изложбата на „олдтајмери“ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)