Две лица продавале лажни „Хубо бос“ парфеми во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишниот В.Л. од Гостивар и дваесет и шестгодишниот М.Т. од Велес заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на право од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „измама на купувачи“.

Имено на 30.03.2016 година, околу 15,00 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Куманово пријавените претставувајќи се како лажни застапници на правен субјект со намера да прибават противправна имотна корист, а истовремено да ја оштетат марката „Хубо бос“ измамилеповеќе купувачи и пуштиле во промет, а исто така понудиле и  продажба на 15 парфеми произведени од непознато лице, а означени со слично лого.

Кривичните приајви им се поднесени од Секторот за внатрешни работи Куманово.