Две лица од кумановското село Сопот се приведени осомничени дека физички нападнале три други лица по претходна расправија.
Loading...
– На 10.12.2022 во 23,10 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово лишени од слобода се М.Ф.(37) и М.Ф.(25) двајцата од с.Сопот затоа што според пријавеното во Куманово околу 20,00 часот пријавените заедно со уште едно лице по претходна расправија физички ги нападнале со тврди предмети М.Л.(25), Ф.А. двајцата од Куманово и С.А., информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски