Две лица биле повердени во вчерашната сообраќајна несреќа што околу 17:30 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Скопје, поточно кај селото Никуштак, кога две возила дошле во директен судир.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило марка „Рено“ со скопски регистарски таблички управувано од педесетгодишниот С.Ј. од Кратово и патничко возило марка „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (36).
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на „аудито“ кој со возило на Итната медицинска помош бил транспортиран во Општа Болница Куманово каде е задржан на лекување, додека неговиот сопатник поради сериозноста на повредите директно бил пренесен во скопскиот Урегентен центар.
Увид на лице место извршиле полициски службеници од СВР Куманово, а причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.