Две лица повредени во сообраќајка на патот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15.00 часот на регионалниот пат Скопје- Куманово, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(32) од село Арачиново-скопско, удрило во бетонски столб и ограда.

Притоа, со повреди се здобиле возачотФ.М. и сопатникот Ф.Б. (26) од с.Мојанци-скопско, информираат од полицијата.

Тие содруго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Ф.М. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај Ф.Б. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply