Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако „голф“ завчера излетал од патот што ги поврзува селата Речица и Ваксинце.
– На 22.10.2025 околу 16:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Речица-с.Ваксинце патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(39) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало надвор од коловозот, информираат од Минисерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

