Две лица вчера извршиле кражба во спортска обложувалница во Куманово, откако претходно го нападнале и повредиле вработениот.
– На 22.02.2022 во 21.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 21.10 часот во спортска обложувалница на улица „Народна Револуција“ во Куманово две лица со остар предмет го нападнале вработениот В.Р.(36) од Куманово и одзеле пари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Вработениот се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

