Две лица од Режановце се тепале на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Две лица од Режановце го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка на градскиот плоштад во Куманово.

– На 09.09.2025 во 03:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(30) и С.М.(25), двете од село Режановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе пожари вчера низ кумановско, во Никуштак пожарот се шири