Две лица од Липково приведени, полицијата им пронашла поголема количина тутун

Сподели со своите пријатели

Две лица од липковското село Опае биле приведени завчера, откако полицијата дома им пронашла поголема количина на тутун.

– На  07.12.2025 година полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.А.(58) и Н.А. (56) од село Опае, Општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при извршен претрес кај нив по судска наредба била пронајдена поголема количина тутун и машина за режење тутун.

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 27-годишник од Куманово баран со потерница

Никола Ивановски