Две лица од Куманово приведени за крвавиот четврток во собранието

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово утрово биле приведени како осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста .

Се работи за Е.Б. и В.М. од Куманово, а истите се осомничени за крвавиот четврток во Собранието кога после изборот на Талал Џафери , за претседател на собранието помогнале на толпата да упаднат во Собранието.

Поради тежината на делото обвинителството бара притвор за сите осомничени, а судија на претходна постапка му го продолжи истечениот притвор на Игор Југ кој сега се товари и за кривично дело терористичко загрозување.