Две лица од Куманово повредени откако со „ауди“ излетале од автопатот

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово се повредени, од кои едното потешко, откако со своето „ауди“ излетале од автопатот кон Велес.

Loading...

– На 01.07.2024 околу 11.00 во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица ,,Виничани“, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(66) од Куманово, констатирани во болницата во Велес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Куманово

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Никола Ивановски