Две лица од Албанија приведени на граничен премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи, биле приведени на гранчниот премин Табанвоце, откако се обиделе да ја преминат границата со фалсификувани патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во првиот случај околу 09.50 часот на граничниот премин – Табановце, при пасошка контрола на К.Ш.(1988) од Република Албанија, констатирано било дека патната исправа е фалсификувана. Во 11.00 часот е предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Во вториот случај, во 19,00 часот на ГП„Табановце“ се пријавил да патува Г.М.(1986), исто така од Република Албанија, и приложил патна исправа за што полицискиот службеник се посомневал дека е фалсификувана. Истиот е приведен во Полициска станица – Табановце, а потоа предаден на Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.