Две лица нападнале кумановец со метален предмет и му нанеле повреди

Сподели со своите пријатели

Шеесет и едногодишен кумановец ноќва бил нападнат од две лица кои со метален предмет му нанеле телесни повреди.

– На 14.01.2026 во 01:33 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Васил Драгомански“ во Куманово, А.С.(61) од Куманово бил физички нападнат од две лица кои употребиле метален предмет и му нанеле повреди констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе субвенционира кирија за социјално ранливи категории граѓани