Две лица на кумановец му понудиле превоз до Скопје, па го претепале и ограбиле

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 02.40 часот во СВР Куманово, М.А. (62) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на 21.12.2017 година, во близина на бензинска пумпа кај автобуската станица, влегол во непознато патничко возило, во кое биле две лица, со цел да го пренесат до Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Но, според пријавеното, кога тргнале, неколку пати застанале и физички го нападнале М.А., при што му одзеле и 1500 денари што ги имал со себе. Потоа го исфрлиле од возилото и заминале. Оштетениот се вратил во Куманово каде што го пријавил настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.