Две лица ќе одговараат за смртта на работник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(60) и З.П.(55), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “предизвикување опасност при градежни работи“ и “повреда на правата од работен однос“ и против ДУТП „Вис Про Инженеринг“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“.

Како што информираат од полицијата, првопријавениот, како вработен, а второпријавената, како сопственик и управител на третопријавеното-правно лице, во почетокот на јуни 2018 година, спротивно на Законот за работните односи, односно без да склучат договор за вработување со С.Д., Д.М. и Ј.Д. сите од Куманово, истите ги ангажирале во третопријавеното правно лице.

На 08.06.2018 година во Куманово на улицата „Никола Спасиќ”, при извршување на градежни работи, пријавените не превзеле соодветни мерки за заштита на работниците, при што врз С.Д. паднала бетонска плоча, и од нанесените повреди тој подоцна во текот на денот починал.

Leave a Reply