Две лица физички нападнале кумановец на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Две лица се приведени под сомнение дека физички нападнале 34-годишен кумановец ноќва на градскиот плоштад.

Loading...

– На 15.02.2024 во 04.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ф.А.(50) и И.А.(26), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, околу 03.00 часот на Плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово, тие физички го нападнале О.Х.(34) од Куманово.

– По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дедо допирал по тело малолетно девојче од Куманово