Две куќи опожарени викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две куќи викендов биле опожарени во кумановско, информираат денеска надлежните институции.

Во првиот случај, пожар настанал во куќа кај локалитетот Краста.

– На 20.12.2025 година во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека  во м.в. “Краста” кумановско настанал пожар во куќа. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во гаснењето на пожарот учествувале деветмина пожарникари со четири противпожарни возила, а како што појаснуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, опожарен бил кровот.

Вчера пак, пожар избувнал и на куќа лоцирана на Пчински пат. Како што појаснуваат од РЦУК, опожарен бил кровот на објектот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња. Се е подготвено за прослава на Бадник (ВИДЕО)

Во интервенцијата учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Никола Ивановски