Вработените во Територијалната против пожарна единица Куманово викендов бележат две интервенции во доменот на своето работење и тоа на запалена сува трева, инфорнираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била вчера во периодот од 11:35 до 12:10 часот коа во населбата Железничка Станица, во дворно место на ресторанот „Ројал Палас“ избувнал пожар, откако се запалила сува трева. Итервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило,а причините за настанување на истиот не се познати.
Во приоедот од 15:10 до 15:40, пожарникарите ја бележат и втората интервенција. Овој пат кај наплатната рампа Романовце, на автопатот Куманово – Скопје. ВО гаснењето учествувале тројца пожарникари со едно возило.
Loading...