Две интервенции во текот на изминатото деноноќие бележат екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била на запалена летна кујна на улицата „Јоско Илиевски“.
Таму интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 14:30 до 15:05 часот.
Како можна причина за избувнување на пожарот е неисправноста на електричната инсталација.
Втората интервенција на кумановските пожарникари била на превртено возило на улицата „Драган Стопаревиќ“, каде во период од 20:00 до 20:30 часот интервенирале четворица пожарникари.
Никола Ивановски