Две и пол години седела мртва на столот: Полицијата затекнала хорор!

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција откри мумифицирани останки на 70-годишна жена која седела на маса повеќе од две години по нејзината смрт, што поттикна апели за подобрување на грижата за старите лица во земјата.

Loading...

Маринела Берета, која немала живи роднини, била пронајдена во нејзината куќа во Прештина, во близина на езерото Комо во северна Италија.

Полицијата ги пронашла нејзините останки откако биле повикани поради силниот ветер во Ломбардија, кој се заканувал да ги исече запуштените дрвја во нејзината градина, јавува Франс 24 за агенцијата АФП.

Според италијанските медиуми, соседите не ја виделе старицата најмалку две и пол години.

„Она што и се случи на Маринела Берети во Комо, таа заборавена осаменост ни ја гори совеста“, коментира на Фејсбук министерката за семејството Елена Бонети.

„Ние сме должни, како заедница која сака да остане обединета, да се сеќава на нејзиниот живот… никој не треба да биде оставен сам“, рече таа.

Речиси 40 отсто од 75-годишниците во Италија живеат сами, според извештајот од 2018 година на Националниот институт за статистика (ISTAT).

Истиот процент наведува и дека немаат роднини или пријатели на кои може да се обратат во случај на потреба.

Loading...

„Берета е пример за осаменост“, напиша уредникот Масимо Грамелини на насловната страница на Coriere della Sera, најпродаваниот италијански дневен весник.

„Многумина од нас сè уште се сеќаваат на хаотичните, големи семејства во рурална Италија. Спротивно на тоа, модерното семејство се намали… Луѓето умираат сами. А ние живееме сами, што е речиси полошо“, рече Грамелини.

Соседите, кои не ја виделе Берета од септември 2019 година, претпоставувале дека таа се оддалечила на почетокот на пандемијата на коронавирус, која ја погоди северна Италија во 2020 година, пренесува Јутарњи лист.

Полицијата на лице место не пронашла ништо што би укажало на сомнителна смрт, а се очекува погребот да го плати локалниот совет.

Мистеријата на невидливиот живот на Маринела зад затворените врати на нејзината колиба е ужасна лекција, пишува весникот „Месаџеро“.

„Најтажно во сè не е тоа што другите не ја забележале нејзината смрт, туку што не забележале дека Маринела Берета е жива“, наведува весникот.