Две години се жалеле на смрдеа од станот, полицијата открила скелет

Сподели со своите пријатели

Остатоци од скелет од женско тело се пронајдени во стан во Велика Британија, откако соседите две години се жалеле на ужасната смрдеа.

Loading...

Полицијата потврди дека во петокот, на 18 февруари, пронашла тело на 61-годишна жена во стан во Пекам, Лондон.

Соседите во станбениот блок велат дека жената должи илјадници фунти за кирија и дека веќе две години се жалат на непријатниот мирис во зградата, пишува Мирор.

Тие тврдат дека почнале да пријавуваат смрдеа во нивната станбена заедница во октомври 2019 година и дека нејзиното поштенско сандаче било преполно со неотворена пошта.

Но, дури на почетокот на неделава полицијата конечно насилно ја отворила вратата и ги открила остатоците од телото во фаза на распаѓање.

Полицијата вели дека не ја третира нејзината смрт како сомнителна.

Загриженоста за жената пораснала меѓу станарите на зградата кога на нејзината врата во 2020 година се појавило известување за принудно влегување за рутинска проверка на гасот.

– Неколку пати се јавивме во станбената заедница бидејќи беше чудно, поштенското сандаче и беше полно и од писмата видов дека не ја плаќа киријата – изјави еден од соседите.

Loading...

– Повторно им се јавив и реков дека ја немам видено со месеци. Полицијата дојде, но рече дека многу луѓе се иселија од Лондон за време на пандемијата и дека може да биде во странство.

Станарите повторно се пожалиле кога напуштениот велосипед бил оставен пред станот и не бил преместен неколку недели подоцна.

Полицијата конечно ја отворила вратата од станот претходно оваа недела, кога добила уште една поплака за смрдеата.

Полицијата ја скршила вратата и го открила телото нешто по 19 часот во петокот вечерта.

– Кога ја скршија вратата, открија од што се плашев цело време, дека таа е мртва. Ми рекоа дека од неа остана само костур и ме замолија да ја потврдам нејзината етничка припадност – додала сосетката.