Две други членки на НАТО испраќаат оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Две членки на НАТО, Чешка и Холандија, ќе испратат оружје за да и помогнат на Украина да се одбрани од Русија, додека третата, Португалија, ќе го зголеми своето воено присуство на границите на НАТО.

Loading...

Чешката Република вети дека ќе испрати пратка вредна повеќе од 8,5 милиони долари на локација избрана од Украинците.

„Владата одобри испорака на оружје за Украина. Испраќаме митралези, снајперски пушки, пиштоли и муниција. „Правиме се што можеме за да и помогнеме на Украина“, изјави чешкиот премиер Петр Фиала.

Холандија ќе испорача 200 противвоздушни ракети „Стингер“. Според Џефри ван Левен, советник на премиерот за надворешни работи и одбрана, друг одбранбен материјал веќе е на пат кон Украина.

Португалскиот премиер Антонио Коста рече дека Португалија ќе ги засили силите во Романија и ќе испрати пешадиска чета од 175 војници.