Две девојки од Куманово се повредени, од кои една потешко, откако автомобил „поло“ излетал од патот Куманово – Граничен премин Табановце.
Loading...
– На 24.07.2025 околу 21.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од.21-годишната А.Ѓ од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.П.(22) од Куманово, додека со телесни повреди возачот, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски