Две деца загинаа во експлозија во куќа, поранешно упориште на пакистанските талибанци

Сподели со своите пријатели

Најмалку две деца загинаа во силна експлозија што се случи денеска во куќа која некогаш била упориште на пакистанските талибанци, во место во близина на границата со Авганистан, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата истражува што ја предизвикало експлозијата и се разгледува можноста дали некој ракувал со експлозив за да направи бомба и случајно ја предизвикал експлозијата, изјави началникот на локалната полиција Ирфан Кан, пренесе АП.

Експлозијата се случи во Мир Али, град во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, и каде пакистанските талибанци и другите бунтовници често ги напаѓаат безбедносните сили со самоубиствени бомбашки напади и други насилства.

Во истата провинција денеска бомбаш-самоубиец управувајќи мотоцикл активирал експлозивна направа на напуштен пат во областа Часада, во која само тој загинал, соопшти полицијата.

Официјален претставник на локалната полиција Масуд Кан изјави дека целта на нападот е нејасна и дека експертите за деактивирање бомби и полицијата сè уште истражуваат дали мажот носел експлозивна направа или дали таа била прикачена на неговиот мотоцикл.

Пакистанските талибанци, познати како Терик-е-Талибан Пакистан, се одвоени од авганистанските талибанци, но беа охрабрени со преземањето на Авганистан од страна на групата во 2021 година.