Две деца и двајца возрасни од Куманово, како и двајца француски државјани се повредени во сообраќајка што вчера се случила кај превојот Пресека.
– На 21.04.2025 во 15.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, возачот на возилото „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.
Никола Ивановски