Две бегалки од кои едната државјанин на Ирак, а другата на Авганистан вчера биле транспортирани до кумановската болница каде на дел од одделенијата им биле извршени лекарски прегледи, информираат денес од Регионалниот центар за управување со кризи.
Државјанката на Ирак завршила на Одделението за гинекологија, каде поо извршени здравствени прегледи, потребни иследувања, направени потребни интервенции и дадена соодветна терапија, по што истата била вратена на пунктот во Табановце.
Помош на Акушерксоот одделение побарала и добила државјанка на Сирија, каде биле извршени соодведните иследувања, направени интервенции и и била дадена соодветна терапија, а истата била задржана и на понатамошно лекување на Одделението за акушерство при Општа Болница – Куманово.