Двајца загинати во две различни сообраќајни несреќи

Сподели со своите пријатели

Во еден ден, во две различни сообраќајни несреќи, две лица го загубиле животот, додека едно е потешко повредено.

Вчеравечер околу 00.10 часот на локалниот пат Гостивар – село Куново, патничко моторно возило марка „Опел Аскона“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од Гостивар,излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, од здобиените повреди Љ.Д. починал на местото на настанот. Телото и возилото биле пронајдени во 13.00 часот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Гостивар. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Во 23.00 часот во Кочани на ул. „Тодосија Паунов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.С. (24) од Виница и патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(32) од Кочани. Веднаш по незгодата возачите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствен дом Кочани, каде кај Д.С. е констатирана смрт, а кај А.П. телесни повреди. Со овластување на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани, информираат од МВР.