Двајца тинејџери повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Во текот на влерашниот ден околу 11.10 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе се случила сообраќајна незгода во која М.Ѓ. (19) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Ѓ., како и сопатникот Д.С. (18) од Куманово. Истите се пренесени во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.