Двајца тинејџери од Куманово викендов биле повредени, од кои еден потешко, откако нивниот мопед учествувал во сообраќајка со „фолксваген шаран“
– На 01.07.2023 околу 23,10 часот било пријавено дека во Куманово на крстосницата од булевар „3-та Македонска ударна бригада“ и улицата „Перо Чичо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(31) од село Клечовце, кумановско и мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, на кој се превезувале Д.Т.(18) и 15 годишен малолетник, двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, по несреќата Д.Т. и малолетникот биле пренесени во Општата болница Куманово, каде од лекар на Д.Т му биле констатирани тешки телесни повреди, додека на малолетникот му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски