Двајца тешко повредени при судир на воз и автомобил во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Две лица се здобија со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила денеска попладне во кумановското село Романовце.

Loading...

Сообраќајката во кумановската полиција била пријавена во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило, појаснуваат од СВР Куманово и додаваат дека увидот сѐ уште трае.

 

 

Од Одделението за хирургија при Општа болница Куманово за Кумановски Муабети информираат дека двајцата пациенти биле примени и по укажаната лекарска помош префрлени на скопска трауматологија.

Пациентите, според кумановските лекари, се надвор од животна опасност.

Никола Ивановски

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово