Двајца рудари повредени во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница.

В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка.

Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.

Leave a Reply