Две лица се здобиле со телесни повреди кога рано утринава два часа по полноќ учествувале во тешка сообраќајна несреќа што се случила кај селото Речица, на регионалниот пат Куманово – село Ваксинце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Ф.Х. (21) од селото Студеничани, скопско, управувајќи патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, не запрел на даден знак за запирање од страна на полициски службеници, продолжил со движење и удрил во службено возило „Ландровер“, по што удрило и во бетонски столб за пренос на електрична енергија каде и запрело.
По незгодата возачот и сопатникот А.Д. (25) од с.Студеничани побарале лекарска помош во ОБ-Куманово, каде им се констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица за БПС – Куманово во присуство на СВКПС.