Двајца полицајци повредени при судир на три возила во Куманово

Сподели со своите пријатели

Двајца полициски службеници се повредени вчера при судир на три возила во Куманово, од кои едното сопственост на МВР.

Loading...

– На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово, информираат од полицијата.

Како што додаваат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Моша Пијаде“ ќе се реконструира уште во две фази, Димитриевски им се извини на граѓаните (ВИДЕО)

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски