Двајца планинари, од Индија и Филипините, загинаа на Монт Еверест

Сподели со своите пријатели

Двајца планинари, еден од Индија и еден од Филипините, загинаа на Монт Еверест и тие се првите планинари што загинаа на тој врв во текот на тековната сезона од март до мај, објавија денес официјални лица.

Loading...

Субрата Гош (45) од Индија почина вчера под „Скалите на Хилари“ враќајќи се откако стигна до врвот на планината висока 8.849 метри, објави Ројтерс.

Точната причина за неговата смрт ќе биде позната по обдукцијата, но други детали за инцидентот не се објавени.

„Хилари скалите“ се наоѓаат во „зоната на смртта“, област помеѓу два планински врва, каде што природното ниво на кислород не е доволно за преживување, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Учителка во Русија сексуално злоставувала ученик. Доби девет години затвор.

Филип Сантијаго (45) од Филипините почина во среда навечер во споменатата област, додека се упатуваше кон врвот.

Непал издаде 459 дозволи за искачување на Монт Еверест оваа година, што трае до крајот на мај, а речиси 100 алпинисти и нивните водичи веќе го достигнаа врвот оваа недела.

Најмалку 345 луѓе загинаа на Монт Еверест во повеќе од 100 години откако започнаа експедициите до врвот.