Двајца пилоти повредени при падот на „Боинг 737“во Австралија

Сподели со своите пријатели

Двајца пилоти се полесно повредени кога Боинг 737 модифициран за гаснење пожар се урна во Австралија, соопштија денеска официјални лица.

Loading...

Двомоторен танкер во сопственост на канадска компанија се урна над националниот парк на реката Фицџералд во шума меѓу Равенсторп и Хопетун во јужната држава Западна Австралија додека се бореше со пожар во понеделникот, јавува АП.

Двајцата пилоти претрпеле само полесни повреди, иако авионот бил зафатен од оган и чад при ударот, изјави претставник на итната помош.

Мажите, за кои се верува дека се канадски државјани, се пуштени од болница денеска, според АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во Келн, едно лице повредено, полициска акција во тек