Двајца кумановци уапсени откако изболе две други лица

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци физички нападнале жители на Скопје и Липково, притоа користејќи остар и тврд предмет со кои им нанеле повреди.

Loading...

– На 10.02.2021, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Х.(35) и С.А.(23), двајцата од Куманово, затоа што околу 20.00 часот на ул.„Братство Единство“ во Куманово физички ги нападнале Б.Б.(35) од Скопје и Ш.Б.(29) од с.Матејче, општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи куманово.

Како што појаснуваат оттаму, при нападот А.Х. и С.А. користеле остар и тврд предмет и им нанеле повреди на Б.Б. и Ш.Б., констатирани во болницата во Куманово.

По целосно документирање на  случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

М.Ф

Leave a Reply