Две лица од Куманово со потешка клиничка слика вчера биле примени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, во овој момент има 62 лица сместени на Клиниката од кои пет се на механичка вентилација, кај дополнителни 25 е влошена клиничката слика и тие се на кислородна маска.
Во изминатото деноноќие починати се две лица, од кои едно од Липково.
Станува збор за жена на 49-годишна возраст која била примена на Клиниката за инфективни болести на 3ти април со потешотии во дишењето и веднаш била ставена на респираторна машина.
Никола Ивановски