Двајца кумановци ќе одговараат за „организирање на отпор“

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово добија кривични пријави под сомнение дека ја прекршиле одлуката за денови на жалост за трагедијата во Кочани.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М.(35) и А.Р.(25), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, на 22.03.2025, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин не ја почитувале одлуката на Владата на РСМ за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден кумановец, откако паднал од четирицикл

Никола Ивановски