Двајца кумановци ќе одговараат за напад на службено лице

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово заработија кривични пријави поради напад на вработен во обезбедување.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Х. (57) и Х.Х. (19) двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работа на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 15.08.2020 во Куманово, во угостителски објект второпријавениот со дрвен предмет го нападнал Д.М. вработен во обезбедување, а потоа и првопријавениот го нападнал Д.М.

Никола Ивановкси

Leave a Reply