Две лица од Куманово заработија кривична пријава поради прекршување на здравствените прописи, односно полицијата не ги пронашла во нивните домови, каде требало да бидат веројатно поради самоизолација или изолација.
– СВР Куманово поднесе две кривични пријави против М.Д.(36) и А.М.(40), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 05 и 06 јуни 2020, пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи и мерка за забрана на движење која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
Никола Ивановски