Двајца кинески државјани меѓу жртвите во несреќата во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Кинеската амбасада во САД соопшти дека двајца кинески државјани се меѓу жртвите во сударот на патнички авион и хеликоптер во Вашингтон, во близина на националниот аеродром Роналд Реган.

Loading...

Кинеската амбасада соопшти дека длабоко жали за сите жртви и изразува искрено сочувство до нивните семејства, пренесе Ксинхуа.

Амбасадата побара од американската страна да ги утврди сите детали за инцидентот што се случи во средата навечер и формално да ја извести кинеската страна, како и да им пружи помош на семејствата на жртвите во справувањето со последиците.

Во соопштението се вели дека амбасадата ќе понуди и конзуларна заштита и помош во рамките на нејзината јурисдикција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рамафоса: Сакам да го решам спорот со Трамп за тужбата за геноцид против Израел

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот потврди дека двете црни кутии, кои се однесуваат на рекордерот за податоци за летот и на диктафонот на гласот, се извлечени од остатоците на авионот во реката Потомак.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот пред новинарите во Белата куќа изјави дека никој не го преживеал сударот во кој учествувал авион на Американ ерлајнс кој полетал од Вичита, Канзас, со 60 патници и четворица членови на екипажот, и воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници на американската армија.

Досега се пронајдени најмалку 40 тела, јавува Танјуг.