Двајца израелски цивили загинаа во ракетен напад на Голанската висорамнина

Сподели со своите пријатели

Двајца израелски цивили загинаа во ракетниот напад на Голанската висорамнина во вторникот вечерта, соопшти израелската полиција.

Loading...

Ракетниот напад на Хезболах врз Израел, со околу 40 проектили, беше извршен неколку часа откако еден од неговите оперативци беше убиен во наводен израелски напад во Сирија, пишува Тајмс оф Израел.

Маж и жена загинаа кога ракетата директно го погоди возилото во кое се наоѓаа, соопшти спасувачката служба.

Досега, 12 цивили се убиени во Израел за време на повеќемесечните судири со Хезболах, според Тајмс оф Израел.