Двајца белоруски тренери суспендирани од Олимпијадата: Виновни се за скандалот со Кристина Цимановскаja!

Сподели со своите пријатели

На двајца белоруски тренери, кои се поврзани со случајот на атлетичарката Кристина Цимановскаja, им беа одземени акредитациите за Олимписките игри во Токио и мораа да го напуштат олимпиското село, објави Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Loading...

Како што наведоа, Артур Шимак и Јури Маишевич биле вклучени во обидот да ја испратат Цимановскаja во Белорусија во неделата, а нивните акредитации биле повлечени превентивно за време на истрагата.

– Од двајцата тренери беше побарано веднаш да го напуштат олимпиското село и тие го сторија тоа – се наведува во соопштението.

 

 

МОК се сомнева дека Симак и Маишевич ја сместиле Цимановскаja во автомобилот што требало да ја однесе на аеродром, и тие ќе имаат можност да ја кажат својата страна на приказната за време на дисциплинската постапка. Не е прецизирано дали двајцата тренери се вратиле во Белорусија, или останале во Јапонија.

Белорусинката претходно на својот Инстаграм профил ги критикуваше официјалните лица на олимпискиот тим, жалејќи се на одлуката да биде дел од штафетата 4 × 400 метри, иако досега не учествувала во таа дисциплина. Таа моментално се наоѓа во Полска, каде што доби хуманитарна виза.

Loading...

Белорускиот олимписки комитет е предводен од претседателот Александар Лукашенко и неговиот син Виктор веќе 25 години. И двајцата добија забрана од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да присуствуваат на Олимпијадата во Токио поради бројните притисоци врз спортистите.

 

Leave a Reply